Државен Архив на Република Северна Македонија

  • State Archive of the Republic of North Macedonia
  • Drzaven Ahiv na Republika Makedonija

Address

Drzaven Ahiv na Republika Makedonija
Dimitar Vlahov 19
Skopje
1000
North Macedonia

Phone

+389 2 3115 783

Fax

+389 2 3165 944

History

On 23 January 1950, the first General Law on State Archives was adopted in Yugoslavia. On 6 January 1951, the People’s Assembly of the People’s Republic of Macedonia adopted the Law on State Archives. On the basis of the Law from 1 April 1951, the State Archives of the People’s Republic of Macedonia was established, today known as the State Archive of the Republic of North Macedonia, along with nine district archives in Skopje, Kumanovo, Veles, Tetovo, Ohrid, Shtip, Strumica, Bitola, and Prilep. In 1965, the Law on the archival material and archives was adopted, according to which, the State Archive was renamed as the Archive of Macedonia, and the district archives as "historical archives". The State Archive of the Republic of North Macedonia was organised as an independent state administration body for performing archival activity throughout the entire state of the Republic of North Macedonia. In 1990, the new Law on Archives was adopted, by which the historical archives continued their operations as Departments within the State Archive of the Republic of North Macedonia. They are not legal entities, but dislocated organisational units of the State Archive of the Republic of North Macedonia and they perform archival functions within a particular territorial jurisdiction covering several municipalities.

На 23 јануари 1950 година е донесен првиот Општ закон за државните архиви во Југославија. На 6 јануари 1951 година, Народното собрание на Народна Република Македонија го донесе Законот за Државни архиви. Врз основа на Законот за државните архиви од 1 април 1951 година, е формиран Државниот архив на Народна Република Македонија, денес Државен архив на Република Македонија. Формирани се и 9 околиски архиви во Скопје, Куманово, Велес, Тетово, Охрид, Штип, Струмица, Битола и Прилеп. Во 1965 година е донесен Законот за архивската граѓа и архивите, според кој Државниот архив се преименува во Архив на Македонија, а околиските архиви во историски архиви. Државниот архив на Република Македонија е организиран како самостоен орган на државната управа за вршење на архивска дејност на подрачјето на целата држава на РМ.

Во 1990 година настапува интеграција на архивската служба во Македонија, кога е донесен нов Закон за архивски материјал според кој, историските архиви продолжуваат да работат како одделенија во состав на Државниот архив на Република Македонија. Тие немаат својство на правно лице, туку претставуваат дислоцирани организациони единици на Државниот архив, кои извршуваат архивски функции на одредено територијално подрачје од неколку општини.

Archival and Other Holdings

The State Archive of the Republic of North Macedonia holds over 1,331 fonds, 8,717 record books, 1,864 binders and 28 collections of documents, in total 56,484,000 documents, which equates to approximately four linear kilometres of material. The Archive has 9,200 microfilm negatives and 9,200 positives with 7,000,250 micro-graphs of records. There are 3,300 unprocessed microfilm negatives and 5,050 microfiche negatives with 130,480 images. The Archive also holds over digitised 10,811 images. The oldest document placed in the Archive, the Gospel of St. Luka the Apostle, dates back to the 12th century.

The State Archive of the Republic of North Macedonia also has a library, that holds various historiographical and archival literature, magazines and encyclopedic editions as well.

Archival Fonds:

• Bitola Kadilak/Court (1607-1912), holds material on the social and economic conditions in the Province/Vilayet of Bitola, with 190 books–sidzhils and a total of 40,000 individual acts written in old Turkish

• The district administrations/kajmakamlaci of Prilep (1869-1912), Tetovo (1869-1912), the municipal administrations in Veles, Kočani, Kratovo, Kriva Palanka, Kumanovo, Prilep, Radoviš, Skopje, Tetovo and Štip (1869-1912).

• Тhe National revolutionary movement of the Macedonian people and significant revolutionaries and activists: Goce Delčev, Grigor Prličev, Kuzman Šapkarev, Vojdan Černodrinski, Petar Mandzhukov, Dimitar Vlahov, Krste Petkov Misirkov and others.

• Diplomatic missions (embassies, consulates), as well as commercial agencies in Bulgaria, Serbia, Greece, Russia, Great Britain, France, Austro-Hungary, Italy, Turkey and Macedonia (1830–1941)

• Records of the Greek Orthodox Church in Macedonia (1705-1917); the Bulgarian Exarchate in Macedonia - Episcopal territories, parishes and superiors (1890-1912)

• Records of the Serbian Orthodox Church in Macedonia - Episcopal territories, parishes and superiors, church administrations, churches, monasteries and parishes (1913-1941)

• Islamic community–waqif (vakif) administration, regional district Muftiates, district vakif and mearif commissions and imamates (1919-1941)

• Record groups of the regional, district, city and municipal governments from the period of the Bulgarian administration in Macedonia (1915-1918)

• Record groups from the period of the Serbian rule in Macedonia (1918-1941), archival material from the Administration of the Banovina of Vardar (1929-1941)

• Records from regional, district and urban municipal governments, directorates and police administrations, and military courts from the Bulgarian regime in Macedonia (1941-1944)

• Period of the National Liberation War in the Vardar, Aegean and in the Pirin regions of Macedonia (military units as corps, divisions, brigades, battalions and squads of the National Liberation War of Macedonia (1941-1945)

• The reconstruction period of the People’s Republic/Socialist Republic of Macedonia - the Anti-Fascist Assembly of the National Liberation of Macedonia (ASNOM) (1944-1945)

• The National Assembly of the People’s Republic of Macedonia/ Socialist Republic of Macedonia (1945-1990)

• The Government of the People’s Republic of Macedonia/ the Executive Council of the Assembly of the Socialist Republic of Macedonia (1945-1990)

• Presidency of the Socialist Republic of Macedonia (1974-1990)

• Fonds of the State Administration of the People’s Republic of Macedonia/Socialist Republic of Macedonia: ministries, headquarters and directorates, commissions, councils etc. (1945-1990)

• Fonds of social and political organisations in the People’s Republic/ the Socialist Republic of Macedonia: the Communist Party of Macedonia/ the League of Communists of Macedonia, the People’s Front/SSRNM, trade unions, the youth and veterans of the National Liberation War of Macedonia (1943-1990)

• Fonds associated with the fields of economics, banking, education, science, culture and sports in the People’s Republic/Socialist Republic of Macedonia (1945-1990)

• Records from sessions and meetings of the highest state authorities of the independent Republic of Macedonia, as follows: the President of the Republic of Macedonia, the Assembly of the Republic of Macedonia and the Government of the Republic of Macedonia (1991–2000)

• Personal and family record groups: Andreevi from Kruševo, Bogdanovi, Mašovi and Kirkovi from Veles, Bogdanovi from Thessaloniki, Bogoević from Tetovo, Bojadzievi from Debar, Isakovski and Pop-Antovi from Skopje, Zozi and Danabaš from Bitola, Popovi from Prilep, Srmabozha and Robevi from Ohrid.

The archival collections are comprised of decrees “ferman” (1646-1859), berats (1702-1911), vakafnamis (1574-1911), geographical maps and more.

There are also Guides for microfilmed archival material found in foreign archives in Russia and Russian archives, Bulgaria and other foreign countries.

Државниот архив на Република Македонија располага со над 1331 архивски фондови, 8717 архивски книги, 1864 класери и 28 збирки на документи, во вкупно количество од 56.484.000 документи или должински околу 4 км. Архивот располага со 9200 микрофилмови во негатив и 9200 во позитив со 7.000.250 микроснимки од архивски материјал. Технички необработени микрофилмови во негатив има 3330, а микрофиши во негатив 5050 со 130.480 снимки. Во Архивот се прима и дигитализиран архивски материјал (10.811 снимки). Најстариот документ што се чува во Архивот потекнува од XII век e Евангелието на Св. Лука.

Архивот располага со богата стручна библиотека, која опфаќа историографска и архивистичка литература, списанија и енциклопедиски изданија.

Фондови

• Битолскиот кадилак (суд)(1607 до 1912) - социјалните и економските прилики во Битолскиот вилает, содржи 190 книги-сиџили со вкупно 40.000 одделни акти, пишувани на старотурски јазик.

• Фондовите за околиските управи (кајмакамлаци) за Прилеп (1869-1912), Тетово (1869-1912), општинските управи во Велес, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Прилеп, Радовиш, Скопје, Тетово и Штип (1869-1912).

• Национално-револуционерното движење на македонскиот народ - сочувани се фондовите на видни револуционери и дејци: Гоце Делчев, Григор Прличев, Кузман Шапкарев, Војдан Чернодрински, Петар Манџуков, Димитар Влахов, Крсте Мисирков и други како и на одделни револуционерни окрузи на ВМРО (1896-1926).

• Фондови на дипломатски претставништва (амбасади, конзулати) и трговски агентства на Бугарија, Србија, Грција, Русија, Велика Британија, Франција, Австро-Унгарија, Италија, Турција и Македонија (1830-1941)

• Црковните фондови на Грчката православна црква во Македонија (1705-1917)

• Бугарската егзархија во Македонија - митрополии, архиерејски намесништва, црковни општини и настојатели (1890-1912)

• Српската православна црква во Македонија - митрополии, архиерејски намесништва, црковни општини и настојателства, црковни управи, цркви, манастири и парохии (1913-1941)

• Исламската верска заедница - вакафски управи, окружни обласни муфтиства, околиски вакафскомеарифски поверенства и имамати (1919-1941)

• Период на бугарската управа во Македонија (1915-1918) - фондовите за окружните, околиските, градските и општинските управи

• Периодот на српската управа во Македонија (1918-1941) - фондови од банската управа на Вардарска бановина (1929-1941)

• Бугарската окупација на Македонија (1941-1944) - фондови за обласните, околиските и градските општински управи, дирекции и полициски управи, како и за воените судови

• Периодот на Народноослободителната војна во вардарскиот, егејскиот и пиринскиот дел на Македонија - фондовите на воените единици: корпуси, дивизии, бригади, баталјони и одреди на НОВ и ПО на Македонија (1941-1945)

• Периодот на изградбата на НР/СР Македонија - фондови на највисоките државни органи: Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) (1944-1945), Народно собрание на НР Македонија/Собрание на СР Македонија (1945-1990), Влада на НР Македонија/ Извршен совет на Собранието на СР Македонија (1945-1990), Претседателство на СР Македонија (1974-1990)

• Фондовите на органите на државната управа на НР Македонија/СР Македонија, и тоа: министерства, главни управи и дирекции, комисии, совети (1945-1990)

• Фондовите на општествено-политичките организации во НР/СР Македонија: Комунистичката партија на Македонија/Сојузот на комунисти на Македонија, Народниот фронт/ССРНМ, синдикатот, младината и борците од НОВМ (1943-1990)

• Фондовите на имателите од областа на стопанството, банкарството, образованието, науката, културата и спортот во НР/СР Македонија (1945-1990)

• Седничен и друг архивски материјал на највисоките државни органи на независна Република Македонија, и тоа: Претседател на РМакедонија, Собрание на РМакедонија и Влада на РМакедонија (1991-2000)

• Личните и семејните фондови на: Андрееви од Крушево, Богданови, Машови и Киркови од Велес, Богданови од Солун, Богоевиќ од Тетово, Бојаџиеви од Дебар, Исаковски и Поп Антови од Скопје, Зози и Данабаш од Битола, Попови од Прилеп, Срмабожа, Робеви од Охрид и други

Архивските збирки ги сочинуваат фермани (1646-1859), берати (1702-1911), вакафнами (1574-1911), географски карти и др

Архивот располага и со Водичи за микрофилмуван архивски материјал истражен во странски архиви, како на пример во Русија, Бугарија и други странски провениенции.

Finding Aids, Guides, and Publication

Водич на Државен архив на РМ (Скопје: Државен архив на РМ, 2016)

Opening Times

The reading room is open Monday to Friday from 9:30 a.m. to 2:30 p.m., except during the national holidays.

The research room of the State Archives of the Republic of North Macedonia has 10 seats and it is equipped with 4 micro-readers and 1 micro-reader printer.

Работното време на читалната е од 9.30 до 14.30 часот во секој работен ден, освен за државни празници.

Читалната на Државниот архив на Република Македонија располага со 10 места и е опремена со 4 микрочитачи и 1 микрочитач печатар.

Reproduction Services

The Archive can provide microfilms, photocopies, etc.

По барање на корисниците Архивот изработува микрофилмови, фотокопии и друго.

If you can help improve this information please contact us at feedback@ehri-project.eu.