Language of Description: Macedonian
  1. Фонд 5. Делегат на Комесарството за еврејски прашања и скопска еврејска општина – Скопје (1915-1947)

    • Fond 5. Delegat na Komesarstvoto za evrejski prasanja i skopskata evrejska opstina (1915-1947)
    • Fund 5. Delegate of the Commissariat for Jewish Questions and the Skopje Jewish Community - Skopje (1915-1947)

    • Правила за организација и работа на Клубот на скопските Евреи основан 1920 (1923) • Дипломи (повелби) на еврејски јазик • Правила за организација на Еврејската општина во Скопје (1936) • Упатста за проценка на недвижниот имот на лицата од еврејско потекло и оданочување на нивниот имот (1941) • Коментар на Законот за заштита на нацијата (Софија, 1941) • Закон за еднократен данок на имотот на лица од еврејско потекло (1941) • Список на лица од еврејско потекло кои имаат влогови и акции во Скопската извозна банка (1941) • Список на решенија и закони издадени од бугарската фашистичка влада пр...

  2. Список на Ратни штети на штипските Евреи од 1945

    • Spisok na Ratni steti na stipskite Evrei od 1945
    • 1945 List of War Damages of the Jews from Štip

    Штетите кои германскиот и бугарскиот окупатор ги направиле над Евреите во Штип се оценуваат како заеднички штети направени од страна на двата окупатора, бидејќи тие заеднички учествувале во грабежот и уништувањето на еврејскиот имот, се до физичкото елиминирање на штипските Евреи во 1943 година во Треблинка. Според писмото од Еврејската општина со број 997/1 од 31 декември 1945 година, Комисијата на Владата на Македонија е известена дека вкупната штета над Евреите се проценува на 2.000.000.000 денари, според бројот на уништени куќи, стока и готовина, оштетени и урнати згради, уништена и огр...

  3. 427.Централен Комитет на КПМ/СКМ - Скопје (1945-1990) сигнатура 1.427

    • 427.Central Committee of the Communist Party of Macedonia/ League of Communists of Macedonia - Skopje (1945-1990) / Centralen Komitet na KPM/SKM-Skopje, Signature 1.427
    • Државен Архив на Република Северна Македонија
    • Fund 427
    • English, Macedonian
    • 1945-1990
    • 100 книги, 2.367 кутии, аналитичен инвентар со 31.460 архивски единици, листови 438.181, научно информативно средство искуцано на 5.734 страни. Надвор од ова има 1.780 кутии со партиски досиеа од цела Македонија и 49.610 картотечни листови.

    Евреи од Македонија - носители на Партизанска споменица 1941, учесници во НОБ:Бено Русо, Мориц Шами, Роза Камхи, Берто Русо, Виктор Мешулам, Нисим Алба, Жамила Колономос, Хаим Садикарио, Исак Сион, Хаим Леви, Ѓорѓи Блаер и Александар Фрицкан. Регистрирање на сите еврејски учесници во НОАВМ: од Скопје - Адолф Пискер, Арон Бахар, Ѓорѓи Блаер, Александар Фрицкан, Сами Миздрахи, Јосиф Полак, д-р Аврам Нисим, д-р Хаим Абраванел, Јаков Бити, Дебора Касерто, Ребека Сасон, Рашела Сасон, Бела Сасон, Исидор Алтарас, Дука Вајшпај, Моис Бахар, Давид Наваро, Јосиф Шурна-Скипо и др.; од Штип - Исак Сион,...

  4. Фонд Александар Матковски

    • Fond Aleksandar Matkovski
    • Fund Aleksandar Matkovski

    Фонд Александар Матковски содржи богат материјал кој се однесува на различни историски периоди на регионот Македонија. Бо рамки на овој богат архивски материјал, селектиран во три архивски кутии, постојат бројни документи за историјата на Евреите на Балканот, започнувајќи од античко време, периодот на Османлиското царство и Втората светска војна. Во тие рамки, архивскиот материјал се однесува на историјата на Евреите од македонија пред холокаустот, за време на холокауст периодот и периодот по 1943 година обележан со еврејската трагедија во Македонија. Архивскиот материјал во овој Фонд кој с...

  5. Исак Сион: Учеството на Евреите од Штип во НОД

    • Isak Sion: Ucestvoto na Evreite od Stip vo NOD
    • Isak Sion: Participation of the Jews from Stip in the National Liberation Movement from Štip

    Содржината на сведоштвото на Исак Сион ги дава следниве факти: • Еврејската заедница во Штип пред Втората светска војна: структурата на еврејската заедница во штип сочинета од 550 лица, професијата на Евреите во Штип и добрите односи меѓу македонскиот народ и Евреите во Штип • Окупацијата на Македонија од Бугарија и антиеврејските закони за Евреите од Штип, започнувајчи од април 1941 година • Тешката економска положба на Евреите од Штип • Група Евреи од Штип, членови на КП во Штип (од 1941-1942): Исак Сион, Пепо Јуда Леви, Хаим Јуда Леви, Аврам Барух Сион и Моис Давид Сион • Учеството на Ев...

  6. Училишна книга од 1942/1943 од средното училиште „Славчо Стојменски“ во Штип

    • Ucilisna kniga 1942/43 od srednoto uciliste "Slavco Stojmenski" vo Štip
    • 1942/1943 School book from the high school “Slavčo Stojmenski in Štip”
    • Државен Архив на Република Македонија—Oдделение Штип
    • 1942/1943 School book from the high school “Slavčo Stojmenski in Štip”
    • English, Macedonian
    • 1942-1943
    • Училишната книга од 1942/1943 од средното училиште „Славчо Стојменски“ во Штип е архивска единица во рамки на Фондовите за средните и основните училишта во Одделение Штип. Училишнатата книга е рачно испишана и ги содржи имињата на учениците во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип за годините 1942-1943.
  7. Список на Евреите кои се пријавени во Еврејската општина во Скопје, 1945

    • Spisok na Evreite koi se prijaveni vo Evrejskata opstina vo Skopje, 1945
    • 1945 List of Jews registered in the Jewish Community in Skopje

    Документот е структуриран на следниов начин: - Реден број на семејството и членoвите на едно семејство - Име и презиме, професија, место на раѓање, датум на раѓање и забелешка - Пријавени се 124 семејства или 305 лица

  8. Тужба од македонско-еврејската општина Битола

    • Tuzba od makedonsko-evrejska opstina Bitola
    • Complaint lodged by the Macedonian-Jewish Community Bitola

    Тужбата е структурирана од 10 поединечни делови во кои е објаснет текот на настаните изведени со помош на домашните соработници, кои придонеле до трагедијата на македонските Евреи - од воведувањето на антиеврејските закони во април 1941 се до мартовско-априлската депортација во 1943 година во Треблинка. Во рамки на тужбата има и Исказ на сведок кој поминал одредено време во логорот во Скопје но бил ослободен како член на семејство на лекар.

  9. Тужба од македонско-еврејската општина Скопје Бр. 28

    • Tuzba od makedonsko-evrejskata opstina Skopje, br. 28
    • Complaint lodged by the Macedonian-Jewish Community, No.28

    Структура на тужбата: Тужбата е поделена на 13 делови и додаток. Содржината на тужбата се однесува на трагедијата на македонските Евреи, чиј почеток е датиран од 6 април, 1941 година, како еден од најголемите злосторства направени од бугарско-германските окупатори во Македонија. Во тужбата, се именувани три вида на виновници: наредбодавачите - тоа се централните власти во Софија, егзекутивните органи на фашистичката окупаторска власт и домашните соработници на егзекутивните органи.

  10. Матични книги 1919-1943 на Евреите од Еврејската општина во Скопје

    • Matichni knigi 1919-1943 na Evreite od Evrejskata opstina vo Skopje
    • Register books for the Jews in Skopje 1919-1943
    • Еврејска заедница на Република Македонија
    • Матични книги 1919-1943 на Евреите од Еврејската општина во Скопје
    • English, Macedonian
    • 1919-1943
    • Матични книги 1919-1943 на Евреите од Еврејската општина во Скопје, вкупно 5, се рачно испишани книги: 1. Протокол на родени 1919-1933 на Евреите на верската општина Скопје 2. Протокол на родени 1933-1943 на Евреите на верската општина Скопје 3. Регистер, попис на еврејското население од Скопје за 1923 и 1924 година 4. Попис на венчани Евреи од Скопје во 1920-1943 и 5. Протокол за упис на умрени Евреи од 1919-1943
  11. Битолски Евреи 1918-1962

    • Bitolski Evrei 1918-1962
    • Државен архив на Република Македонија - Одделение Битола
    • Jews from Bitola 1918-1963
    • English, Macedonian
    • 1918-1962
    • книги 6, кутии 3, за фондот е изготвен аналитичен инвентар и содржи 980 архивски единици (предмети), 38.355 листови во кои се влезени и 414 фотографии, научно информативното средство (аналитички инвентар) има 186 искуцани страни, опис на секој предмет и фотографија

    Архивската збирка Битолски Евреи 1918-1962 е значајна за холокаустот во Македонија, за еврејската популација во Битола пред холокаустот, нивната депортација, спасување и возобновувањето на еврејската заедница во Битола по војната.