Archival Descriptions

Displaying items 1 to 4 of 4
Language of Description: Macedonian
Holding Institution: Еврејска заедница на Република Македонија
  1. Список на Евреите кои се пријавени во Еврејската општина во Скопје, 1945

    • Spisok na Evreite koi se prijaveni vo Evrejskata opstina vo Skopje, 1945
    • 1945 List of Jews registered in the Jewish Community in Skopje

    Документот е структуриран на следниов начин: - Реден број на семејството и членoвите на едно семејство - Име и презиме, професија, место на раѓање, датум на раѓање и забелешка - Пријавени се 124 семејства или 305 лица

  2. Тужба од македонско-еврејската општина Битола

    • Tuzba od makedonsko-evrejska opstina Bitola
    • Complaint lodged by the Macedonian-Jewish Community Bitola

    Тужбата е структурирана од 10 поединечни делови во кои е објаснет текот на настаните изведени со помош на домашните соработници, кои придонеле до трагедијата на македонските Евреи - од воведувањето на антиеврејските закони во април 1941 се до мартовско-априлската депортација во 1943 година во Треблинка. Во рамки на тужбата има и Исказ на сведок кој поминал одредено време во логорот во Скопје но бил ослободен како член на семејство на лекар.

  3. Тужба од македонско-еврејската општина Скопје Бр. 28

    • Tuzba od makedonsko-evrejskata opstina Skopje, br. 28
    • Complaint lodged by the Macedonian-Jewish Community, No.28

    Структура на тужбата: Тужбата е поделена на 13 делови и додаток. Содржината на тужбата се однесува на трагедијата на македонските Евреи, чиј почеток е датиран од 6 април, 1941 година, како еден од најголемите злосторства направени од бугарско-германските окупатори во Македонија. Во тужбата, се именувани три вида на виновници: наредбодавачите - тоа се централните власти во Софија, егзекутивните органи на фашистичката окупаторска власт и домашните соработници на егзекутивните органи.

  4. Матични книги 1919-1943 на Евреите од Еврејската општина во Скопје

    • Matichni knigi 1919-1943 na Evreite od Evrejskata opstina vo Skopje
    • Register books for the Jews in Skopje 1919-1943
    • Еврејска заедница на Република Македонија
    • Матични книги 1919-1943 на Евреите од Еврејската општина во Скопје
    • English, Macedonian
    • 1919-1943
    • Матични книги 1919-1943 на Евреите од Еврејската општина во Скопје, вкупно 5, се рачно испишани книги: 1. Протокол на родени 1919-1933 на Евреите на верската општина Скопје 2. Протокол на родени 1933-1943 на Евреите на верската општина Скопје 3. Регистер, попис на еврејското население од Скопје за 1923 и 1924 година 4. Попис на венчани Евреи од Скопје во 1920-1943 и 5. Протокол за упис на умрени Евреи од 1919-1943